Пет години брак и две деца: Колку ќе тежи разводот на Мила Кунис и Ештон Кучер?

Фото: Профимедиа

Иако се во брак повеќе од пет години, ѕвездите на ситкомот „Луди 70-ти“, 37-годишната Мила Кунис и 42-годишниот Ештон Кучер, се еден од паровите за кои во последните години постојано се пишуваше дека се разведуваат.

Родителите на шестгодишниот Вајат и четиригодишниот Димитри не престануваат да ја интригираат јавноста, но и медиумите со нивните наводни брачни проблеми, поради кои во неколку наврати веќе се зборуваше за развод. Дали ова навистина ќе се случи и колку ќе биде „тежок“ овој холивудски развод, останува да видиме.

Фото: Профимедиа

Според списанието „Woman’s Day“, одлуката на Мила и Ештон да ја стават на продажба заедничка куќа во Лос Анџелес е доказ дека парот се разведува. Извор за споменатите медиуми раскажал дека парот нема да го дочека преселувањето во нов дом и дека ова е само првиот чекор во разводот вреден дури 315 милиони долари.

Иако двојката не долго по овие пишувања се појави во шоуто „The Tonight Show“, во кое тие го промовираа своето „карантинско вино“, давајќи до знаење дека и понатаму, ако ништо друго, барем заедно работат, наведените медиуми не се откажуваат од идејата за развод и додаваат дека тоа воедно ќе биде и еден од најскапите разводи во Холивуд.

Фото: Профимедиа

Исто така, како една од главните причини за овој развод се наведува пандемијата и последиците што произлегоа од неа. „Тешко им беше да се навикнат на новите услови и затворањето во куќа со две деца. Поминаа низ многу нешта, навистина многу. И не успеа. Тие се расправаа буквално за сè – финансии, миење садови, начини на разговор со децата. Имаа кавги и несогласувања и претходно, но токму карантинот им докажа дека тие не се еден за друг“, изјави неодамна извор близок на парот за споменатиот медиум.

Фото: Профимедиа

„Разводот е најверојатниот исход од се. Не е тоа привремена кавга, тие навистина мислат дека повеќе нема што да прават еден со друг. Немаат за што да разговараат, само се расправаат. Прашање е на кого ќе му припаднат децата доколку дојде до развод“, заклучи изворот за „Woman’s Day“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот