Песков: Ние сме подготвени вечерва да ги продолжиме преговорите

дмитри песков
Дмитри Песков, портпарол на Кремљ / Фото: Слободен печат, архива

 Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска јави дека руската делегација е подготвена за продолжување на преговорите со украинската страна, но одби да прецизира на која локација ќе се одржи средбата, пренесува Тасс.

-Нашата делегација ќе биде таму доцна попладне. Ќе ги чекаат украинските преговарачи. Нашата делегација ќе биде подготвена да го продолжи разговорот вечерва, рече Песков.

Кремљ со оваа изјава на Песков соопшти дека руските власти се подготвени за вториот круг од преговорите со Украина, но додава дека не е јасно дали на нив ќе се појават украински преговарачи.

Гардијан пренесе дека, според Песков, тие располагаат со контрадикторни информации од украинска страна за продолжувањето на преговорите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера децидно кажа, а утринава и повтори, дека Русија мора да престане да ги бомбардира украинските градови пред да продолжат преговорите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот