ВИДЕО: „Пешкир револуција“ во Грција – граѓаните бараат ослободување на плажите окупирани со скапи лежалки
Граѓаните на Родос и Парос протестираат поради незаконската приватизација на плажите, објави Катимерини.
Протестите се познати како „Движење за слободни плажи“ или „Движење пешкир“.
Грчките граѓани се обидуваат да ги спречат активностите на приватниот сектор кои вклучуваат нивелирање на песочни дини и отстранување на песокот. Компаниите често прават промени во обликот на брегот за да ги исполнат очекувањата на посетителите.
Поради протестите и реакциите на грчките граѓани, министерот за национална економија и финансии на Грција Костис Хаџидакис денеска издаде наредба за интензивирање на проверките на плажите, за почитување на одредбите од договорите за концесија и за прекршителите да се воведат пропишаните санкции.
-Овие контроли, по службена должност или по претставки од граѓаните, ќе се интензивираат во текот на целата летна сезона со цел да се почитуваат условите од договорите потпишани со стопанствениците, да се обезбеди пристап на граѓаните до плажите во согласност со правилата на Уставот и да се заштити имиџот на грчкиот туристички производ.
Забележано е дека во контекст на контролите кои веќе се спроведуваат и по поднесените претставки за плажите на Парос, инспекциските службеници извршиле инспекциски надзор во периодот од 21 до 24 јули и констатирале значителни прекршоци и активирани се протоколи за отстранување за три бизниси од нив, соопштија од Министерството.
Министерот за национална економија и финансии Костис Хацидакис изјави: „Во секој случај, нашата одлука е да ја запазиме законитоста на плажите доделени од државата и целосно да ги почитуваме договорите што се потпишани. Секое прекршување на законитоста ќе не најде спротивно. Го задолжив новиот генерален секретар за јавна сопственост, оние кои не ја почитуваат содржината на соодветните договори нека знаат дека никого нема да поштедиме“.
Движењето пешкири реагира на тоа што има чувари на плажите, немање слободен простор и премногу скапи лежалки кои достигнуваат и до 120 евра. Лежалките во последните редови достигнуваат до 40 евра.
Некои „закупиле 20 метри квадратни, а имаат 200-300“, изјавија од Движењето истакнувајќи дека „некои од нив признаваат дека немаат дозвола.
„Нека дојде полиција да не уапси“, рекол некој во Санта Марија, а полицијата по три дена дошла и го уапсила. Тие немаат дозвола“, соопштија од движењето.
Градоначалникот на Парос одговара дека нема „нема ингеренции“ за да го реши проблемот со закупците на плажите кои буквално ги окупираат и не им дозволуваат на граѓаните слободно да уживаат покрај морето.
Зад „Движењето пешкир“ (кое на некој начин наликува на злогласното движење „Не плаќам“) стои „Движењето на граѓаните на Парос за бесплатни плажи – спаси ги плажите на Парос“.
Според релевантната воведна белешка на Фејсбук, предметната група се дефинира вака: „Движењето на граѓаните на Парос за плажите е колектив „одоздола“ на граѓани на островот. Нè обединува грижата за намалувањето на јавниот простор и нашето раселување од плажите на нашата земја. Загрижени сме поради консолидирањето на беззаконието и непристојноста на плажите на Парос од компании кои експлоатираат делови од плажите и произволно го зафаќаат заедничкиот простор со лежалки и чадори, далеку над границите предвидени со договорите за концесија што ги потпишале. Го браниме правото на граѓаните и посетителите на нашиот остров да имаат слободен пристап до плажите што ги сакаме. Грчкото лето е дел од нашата душа, тоа е дел од нашиот идентитет: да не дозволиме никој да ни го одземе!