Пешиќ: Јокиќ не е физички и психички подготвен за настап на Светското првенство

EPA-EFE/JASON SZENES

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ пред јавноста откри со кој тим ќе ја претставува неговата земја на Светското првенство кое ќе стартува на 25 август.

Од 25 август до 10 септември во Јапонија, Филипини и Индонезија ќе се организира Мундобаскет 2023.

Својот прв натпревар српската селекција ќе го има на 26 август против Кина, два дена подоцна ќе се соочи со Порторико, а на 30 август ривал ќе биде Јужен Судан.

Најавите се дека конечниот список на патници ќе се знае непосредно пред почетокот на СП на 24 август.

Еве како изгледа списокот на кандидати за СП 2023: А. Аврамовиќ, Д. Беслаќ, Б. Богдановиќ, О. Дробриќ, М. Гудуриќ, О. Јарамаз, Н. Јовиќ, С. Јовиќ, В. Маринковиќ, Н. Милутинов, Н. Недовиќ, Ф. Петрушев, А. Покушевски, А. Раданов, Д. Ристиќ, А. Смаилагиќ, Б. Симаниќ, Н. Топиќ и У. Трифуновиќ.

Уште во текот на вчерашниот ден се шпекулираше дека една од најголемите српски кошаркарски ѕвезди Никола Јокиќ нема да настапи на Светското првенство, а тоа сега го потврди и селекторот Пешиќ.

– Со Јокиќ имаше неколку разговори. Тоа беа најдобрите разговори што сум ги имал со играчи кои не можат да прифатат повик. Тој не е ниту физички ниту психички подготвен, истрошен е и не е подготвен да ја преземе одговорноста што се очекува од него – рече Пешиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот