Пешак загина во железничка несреќа во Скопје

Еден пешак загинал во железничка несреќа изминатото деноноќие во Скопје, а се случиле уште 11 сообраќајни незгоди во кои се повредени вкупно 14 лица од кои четворица потешко, а 10 полесно.

Од потешко повредените еден е возач на мопед, двајца се возачи на мотоцикл и еден е сопатник на автомобил. Во четири сообраќајни незгоди е причинета метаријална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 18 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 18 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило, како и двајца возачи под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 13 нерегистрирани возила.

Полицијата издала 33 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила. За користење мобилен телефон санкционирани се 17 возачи, а за неносење сигурносен појас 13 возачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот