Периќ: Жалам што барем не победивме за нашите навивачи

еурофарм пелистер вардар
Јосип Периќ/Фото: РК Е. Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да обезбедат пласман во четвртфиналето во Лигата на Европа откако и во реваншот во Битола загубија од Нексе со 21:22 со што заврши европската одисеја на битолчани.

Хрватскиот тим успеа да го издржи притисокот од трибините, како и налетот на битолчани на стартот од натпреварот и со смирена игра успеаја да дојдат минимален триумф.

– Сакам да му честитам на Нексе за заслужената победа и што славеа на двата меча. Видовме еден одличен ракомет, но ние не успеавме да ги искористиме шансите, а противникот ги казни сите оние „црни дупки“ што ги имаме. Највеќе ми е жал што загубивме пред нашата публика, мислам дека тоа е она кое најмногу нас не боли. Мора да ги заборавиме овие порази бидејќи немаме време за жалење, затоа што чекаат домашните предизвици – изјави Периќ на прес-конферецијата по натпреварот.

Помошникот на тренерот Жељко Бабиќ, Божидар Мојсов пак смета дека пеколниот ритам си го направи своето.

– Им честитам на ракометарите на Нексе за победата и им посакувам многу успех и пласман на фајнал-фор. Што се однесува до нас, одигравме тежок натпревар. Но, играчите беа исцрпени, бидејќи одигравме пет натпревари за девет дена. Не успеавме да се опоравиме, но што е тука е, Нексе беше подобар кога беше потребно и тука ја испуштивме шансата. Благодарност до навивачите, заслужија барем победа. Сега се фокусираме на тоа што ни претстои, а тоа е да ја донесеме титулата во Битола – рече Мојсов.

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот