Перфектен старт и рекорд на Надал

Рафаел Надал/ фото: EPA-EFE/DAVID GUZMAN GONZALEZ

Рафаел Надал ја продолжува победничката низа годинава откако во осминафиналето на турнирот во Акапулко го победи Американецот роден во Скопје, Стефан Козлов во два сета и тоа со 6:0,6:3.

Шпанецот има перфектен старт во 2022 година, победи на сите 12 натпревари и тоа е негов најдобар старт во годината. Претходно Надал победи на АТП турнирот во Мелбурн, а потоа и на Австралија Опен кој исто така се одржа во Мелбурн.


Надал ги освои првите седум гема од мечот, а потоа водеше со 4:1 во вториот сет по што Надал за прв пат во Акапулко загуби гем на свој сервис. Козлов намали на 4:3, но Шпанецот направи нов брејк и обезбеди пласман во четвртфиналето.

– Ова беше чуден меч, Козлов има поинаков стил на игра и поради тоа морате да бидете внимателни. Понекогаш можете да освојувате поени во серија, но кога играте по неговиот ритам може да биде тешко бидејќи и многу интелигентен тенисер – изјави Надал.

Следен противник на Надал ќе биде Томи Пол кој беше подобар од Душан Лајовиќ.
Првиот носител Данил Медведев со 6:1,6:2 го победи Пабло Андухар и ја продолжи битката за првото место на АТП ранг-листата. Медведев кој доколку триумфира во Акапулко ќе го симне Новак Ѓоковиќ од врвот на АТП ранг-листата, во наредното коло ќе игра против Јошихито Нишиока кој беше поуспешен од Тејлор Фриц со 3:6,6:4,6:2.

Пласман во следната рунда обезбеди и Стефанос Циципас кој на Џеј-Џеј Волф му препушти само еден гем додека Камерон Нори во три сета со 6:7,6:3,6:4 беше подобар од Џон Изнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот