Пентагон: Руските ловци дејствуваа „небезбедно и непрофесионално” (ВИДЕО)

Пентагон / Фото: МИА

Руските воени сили дејствуваа „небезбедно и непрофесионално” при пресретнување на американскиот бомбардер Б-52Х над Црното Море, се вели во синоќешното соопштение на Командата на САД во Европа и Африка.

Се истакнува дека за време на блискиот контакт, руските пилоти летале небезбедно и непрофесионално, неколкупати пресекувајќи ја траекторијата налетот на растојание од околу 100 фита од носовиот дел на Б-52 на една височина и при користење на млазно догорување на константа висина, со што се предизвикале турбуленции и ограничување на маневарските способности на Б-52.

Се вели дека ваквите акции се непотребни, ги зголемуваат ризиците од судир во воздух и не се соодветни со доброто воздушно мајсторство и меѓународните воздухопловни норми.

Министерството за одбрана на Русија вчера соопшти за пресретнување на американскиот стратешки бомбардер Б-52Х на воено воздушните сили на САД. Според министерството, руската армија го забележала американскиот авион на 28 август како летал над неутралните води на Балтичкото море (според Американците, инцидентот се случил над Црното Море). И дека за негова идентификација полетале два ловци Су-27 од дежурниот состав на балтичката флота за противвоздушна одбрана.

Пентагон објави видео од инцидентот од кое се гледа блискиот контакт на Су-27 со американскиот авион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот