Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет EPA-EFE/WILL OLIVER

Пентагон го одложи редовниот брифинг, дали тоа е најавa за жестоките удари на Трамп врз Иран?

Пентагон ја откажа прес-конференцијата закажана за денес во 8 часот наутро по локално време, само 12 часа пред истекот на ултиматумот што американскиот претседател Доналд Трамп му го постави на Иран.

На редовниот брифинг требаше да учествуваат министерот за одбрана Пит Хегсет и началникот на Здружениот штаб на вооружените сили, генерал Ден Кејн, каде од Иран уште еднаш требаше да се побара да го отвори Ормускиот Теснец, јавува агенцијата Анадолија.

„Утрешната прес-конференција е откажана“, соопшти Пентагон во кратко соопштение доцна синоќа.

Не беше наведена причина за откажувањето. Одлуката доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Иран и САД.

Претходно американскиот претседател Трамп изјави дека американските сили би можеле „да го елиминираат целиот Иран за една ноќ, а таа ноќ би можела да биде утре“.

Ескалација на Блискиот Исток

Трамп во меѓувреме, го заостри рокот за Иран, предупредувајќи дека до 20 часот по американско време во вторник односно до 2 часот наутро по средноевропско време во среда „секој мост и електрана во Иран ќе бидат уништени“ ако не се постигне договор.

Тензиите на Блискиот Исток ескалираа откако САД и Израел започнаа заедничка офанзива против Иран на 28 февруари, во која загинаа повеќе од 1.340 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, како и врз Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се стационирани американските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот