Пендаровски: Улогата на медиумите е особено важна во време на криза и конфликти

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Додава дека за да се развие независно и професионално новинарство потребно е да се обезбедат подобри услови за работа.

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до новинарите и медиумските работници во земјава по повод 3 Мај – Меѓународниот ден на слободата на медиумите.

–  Важноста на улогата на новинарите и медиумските работници е особено голема во време на неизвесност, криза или конфликти. Во сегашната пандемија од коронавирусот, кога најголем дел од граѓаните се заштитени во своите домови, новинарите и медиумските работници секојдневно се ангажирани со цел да обезбедат брза и точна информација. Паралелно со пандемијата на вирусот ни се случува и пандемија од лажни вести, затоа во овие вонредни околности од круцијално значење е нивната професионалност и објективност, пишува Пендаровски во честитката.

Додава дека за да се развие независно и професионално новинарство потребно е да се обезбедат подобри услови за работа, да се унапредат синдикалните права, да се зголеми безбедноста и заштитата на новинарите и медиумските работници и да се ослободат од економската зависност и од политичките влијанија, а институциите да бидат транспаретни.

– Истовремено, за да поттикнат дебата за значајни прашања и да бидат показател за зрелоста на една демократија, медиумите треба да бидат ослободени од страв и од клиентелизам, остварувајќи го едно од фундаменталните човекови права, слободата на говор, порачува Пендаровски во честитката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот