Пендаровски: Сите заедно да обезбедиме услови за остварување на младите иноватори

реба да ги користиме сите алатки и уште повеќе на овие луѓе да им го олесниме пристапот до образованието, но и до сите други институции. На пример, пред да започне пандемијата, незамисливо беше наставата да се одвива он – лајн, истакна претседателот Пендаровски.

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски вчера вечер, преку видео врска, се обрати на завршниот настан на овогодинешниот „Generation Unlimited – Младински Предизвик”, односно на презентацијата на решенијата на 5-те тимови финалисти.

Осврнувајќи се темата на иницијативата „Како може дигиталната технологија да влијае за поактивно вклучување на децата и младите со попреченост во образованието и во секојдневниот живот“, претседателот Пендаровски посочи дека младите не се доволно застапени во овој сегмент во нашата земја, односно дека најчесто се очекува иновативните решенија да доаѓаат од повозрасните граѓани.

„Ова е вистинскиот пат по кој треба да одиме, и кога ќе заврши кризава да не ги заборавиме дигиталните алатки коишто ни помагаат и допрва ќе ни помагаат на сите нам, на сите категории на лица, а посебно на лицата со попреченост. Треба да ги користиме сите алатки и уште повеќе на овие луѓе да им го олесниме пристапот до образованието, но и до сите други институции. На пример, пред да започне пандемијата, незамисливо беше наставата да се одвива он – лајн, истакна претседателот Пендаровски.

Потенцирајќи дека секое понудено иновативно решение е многукратно повредно ако може практично да се примени и конкретно да им помогне на лицата со пречки во нивното секојдневие, претседателот Пендаровски рече дека младите коишто го прифатиле предизвикот Generation Unlimited и чии решенија имаат апликативна вредност, многу побргу фаќаат чекор во споредба со постарата генерација.

„Државните институции мораат да ги препознаваат побрзо и подобро, напорите на младата генерација во овој дел на креативни решенија. И да им даваат простор, да им даваат ресурси, да им помогнат конкретно да ги развијат нивните идеи до крај. Но треба и да се поврзат државните институции, приватниот сектор, граѓанските организации и да постои една синергија со една единствена цел – да обезбедиме услови за остварување на младите креативци, иноватори и за многу кратко време да видиме примена на нивните пронајдоци“, заклучи претседателот Пендаровски.

„Generation Unlimited – Младинскиот предизвик“ ги повикува младите иноватори во целиот свет да дизајнираат решенија кои ќе го подобрат образованието, вработеноста и граѓанската вклученост. Младинскиот предизвик, кој оваа година се одвива во 40 земји, е иницијатива која глобално остава силен впечаток и служи како пример за тоа што се може да постигнат младите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот