Пендаровски, Ковачевски и Османи допрва ќе пресечат што ќе се прави со амбасадорувањето на Димовски

Изјава на Виктор Димовски по седницата на Собраниската комисија/Фото: Скриншот

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар османи досега немале формални консултации што ќе се прави понатаму со испраќањето на Виктор Димовски за амбасадор во Франција, иако сите си имаат свое мислење за тоа, информираше денеска министерот Османи на брифинг со новинарите.

– Треба да седенем и да пресечеме што понатаму во случајот со Димовски, рече Османи, без да го каже сопствениот став и без да прејудицира што ќе договорат.

Во однос на забелешките од сојузниците за овој случај и дали мисли оти штетата е веќе направена, изјави дека не е спорно да добиваат совет или мислење од сијузниците, бидејќи мислењето од НАТО сојузниците е важно.

Заминувањето на Димовски за амбасадор во париз е ставено под знак прашање по избивањето на скандалот со Онишченко и издавањето македонски пасош додека Димовски беше директор на Агенцијата за национална безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот