Пелони: Билатералната соработка и Договорот од Преспа темите на средба Мицотакис –Заев во Атина

Фото: mia.mk

Билатералната соработка и имплементацијата на Договорот од Преспа ќе бидат темите за кои во четврток, ќе разговараат премиерите на Грција и Северна Македонија Кирјакос Мицотакис и Зоран Заев на нивната средба во Атина, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

Средбата Мицотакис- Заев ќе биде во рамките на учеството на претседателот на Владата на Северна Македонија на Делфи економскиот форум.

-Да, планирана е средба на премиерот Кирјакос Мицотакис со господинот Заев во четврток. Темите се, очигледно, билатералната соработка и имплементацијата на Договорот од Преспа, одговори Пелони.

Во однос на почетокот на туристичката сезона на 15 мај и дали тоа значи и отворање на копнените граници за државјаните од соседните земји, како што се Северна Македонија и Албанија, портпаролката на грчката Влада, на прашањето на МИА објасни дека „постои конкретен план за безбедното отворање на туризмот и од копнените гранични премини, но сите детали, здравствените протоколи и на кој начин ќе биде отворен туризмот, ќе бидат соопштени кон крајот на неделава од министерот за туризам Харис Теохарис”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот