Фото: РК Пелистер

Пелистер се засили со уште еден Босанец

Ракометниот клуб Пелистер продолжува активно да го комплетира тимот за новата сезона, а најново засилување во битолскиот состав е босанскиот интернационалец Омер Мехмедовиќ, кој настапува на позицијата среден бек.

Откако претходно го доведе Едвин Џелиловиќ, битолскиот клуб се засили со уште еден ракометар од БиХ. Станува збор за 26-годишниот Мехмедовиќ, кој стави потпис на едногодишен договор со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.

Мехмедовиќ во Битола пристигнува од словенечкиот Рико Рибница, а во својата кариера има настапувано и за Грачаница во Босна и Херцеговина, како и за австрискиот Барнбах Хофланд.

„Официјалното претставување на Мехмедовиќ е закажано на почетокот од подготовките за сезоната 2026/27“, информираат од клубот од Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот