Пелистер против Маџари ја прекина серијата од три порази, Работнички подобар од Феникс
Кошаркарите на Пелистер по серијата од три порази на крајот од регуларниот дел, успеаја да се консолидираат и со победа го отворија плејофот, совладувајќи го Маџари со 84-72.
Препорачано
Битолскиот состав одигра сигурно и ја оправда фаворитската улога, за разлика од претходниот меѓусебен дуел во Битола кога до триумф стигна потешко. Тимот предводен од Даскаловски покажа реакција по неуспесите против ТФТ, Тиквеш и Кожув.
Клучниот момент се случи во третиот период, кога „зелените“ направија разлика и со убедливи 26-14 практично го решија победникот.
Најефикасен во редовите на Пелистер беше Џенкинс со 30 поени, додека Малешевиќ забележа дабл-дабл од 13 поени и 10 скока. Кај гостите од Маџари, најрасположени беа Армстронг и Луис со 18, односно 16 поени.
Bo борбата за опстанок во во плеј-аутот Работнички запиша важна победа над Феникс со 93-83. Најефикасен во победничкиот тим беше Ефремовски со 28 поени, додека Рахама запишан 20 поени за Феникс.
ТФТ му се одмазди на Тиквеш и победи во првиот натпревар од плеј-офот
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
29мин
-
46мин
-
48мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


