Фото: РК Пелистер

Пелистер по крајот на сезоната се збогува со четворица ракометари

Ракометниот клуб Пелистер денеска официјално се раздели со четворица ракометари кои во следната сезона нема да го носат дресот на битолскиот состав.

Од клубот заминуваат Илија Абутовиќ, Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ и Домен Тајник, ракометари кои во изминатиот период беа дел од успесите на Пелистер и со клубот освоија две шампионски титули во Македонија, како и еден Суперкуп.

„ Спортските разделби се емотивни, посебно кога се последица на нови проекти, нови почетоци, нови предизвици. Но, кога веќе мора и треба да се случат – ќе ги паметиме многубројните добри спомени, освоени трофеи, постигнати голови, склучени пријателства. Битола и Пелистер ви е благодарен од срце и наклон до под! Нашиот дом секогаш ќе биде и ваш дом“, порачаа од Пелистер.

Битолскиот тим зад себе има сезона без освоен трофеј на домашната сцена, откако шампионската титула и Купот на Македонија завршија во рацете на најголемиот ривал Вардар.

ВИДЕО | Битолските навивачи со порака до Кузмановски: Цела сала скандираше „Фитиљ остани“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот