Мао Нинг, портпаролка на кинеското МНР/Фото: EPA/JESSICA LEE

Пекинг му одговара на Трамп: Не ги користете другите земји како изговор за вашите сопствени интереси

Кина денеска ги повика САД да не ги користат другите земји како изговор за остварување на сопствените интереси, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД треба да ја преземат контролата врз Гренланд за да спречат Русија или Кина да го заземат во иднина.

„Арктикот се однесува на целокупните интереси на меѓународната заедница“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на прес-конференција, пренесува Синхуа.

Според неа, активностите на Кина на Арктикот имаат за цел да промовираат мир, стабилност и одржлив развој во регионот, се во согласност со законот и треба целосно да се почитуваат, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.

Мао, исто така, повика на почитување на правата и слободите на сите нации за спроведување законски дејствија на Арктикот.

Трамп: Америка мора да го земе Гренланд за да не го „соберат“ Русија и Кина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот