Пејачките ја посветија песната „F**** you“ на судиите кои го укинаа правото на абортус во САД

оливија родриго
Оливија Родриго и Лили Ален / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Оливија Родриго за време на нејзиниот настап на фестивалот „Гластонбери“ во Велика Бритаија со британската пејачка Лили Ален хитот „F*** you“ им го посветија на судиите на Врховниот суд на САД кои одлучија да го укинат федералното право на абортус.

„Ова е мое прво гостување на „Гластонбери“ и ја делам сцената со Лили, што е најголемото остварување на мојот сон. Но, истот така срцето ми е скршено поради она што се случи вчера во Америка. Врховниот сун одлучи да ја поништи пресудата на Роу против Вејд, што е закон кој на жената ѝ го обезбедува правото на безбеден абортус и други основни човекови права“, започна Оливија.

„Толку многу жени и толку многу девојки ќе умираат поради ова“, додаде таа, наведувајќи ги судиите кои ја поддржаа одлуката за поништување на пресудата – Семјуел Алита, Кларенс Томас, Нил Горсух, Ејми Кони Барет и Брет Кавано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Rodrigo (@oliviarodrigo)

„Сакам да ја посветам следната песна на петмината членови на Врховниот суд кои ни покажаа дека, на крајот на краиштата, не им е грижа за слободата“, рече таа, по што Лили почна да ја пее „F*** you“.

Ова не е првпат 19-годишната Оливија да зборува за правото на абортус. Таа неодамна го прекина својот концерт во Вашингтон за да зборува за правото на жената на абортус. Инаку, Лили Ален песната „F*** you“ првично ја посветила на поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш.

Видео на денот