Instagram
Instagram

Пејачката Слаѓана Милошевиќ во болница поради внатрешно крварење: Лекарите ја следат состојбата

Пејачката и мултимедијалната уметница Александра Слаѓана Милошевиќ завршила на Ургентниот центар поради внатрешно крварење, пренесуваат српските медиуми.

Наводно, Милошевиќ имала внатрешно крварење и ѝ била укажана итна медицинска помош, по што лекарите решиле да ја задржат во болница затоа што нејзината состојба многу брзо по приемот се влошила.


Порталот Нова.рс успеал да стапи во контакт со Слаѓана, по што пејачката им дала изјава преку телефон:

„Сè уште сум во болница. Лекарите ја следат состојбата. Идните чекори зависат од реакцијата на терапијата, која секојдневно се прилагодува на состојбата на организмот“, изјавила Милошевиќ за Нова.рс


Лекарите и рекле, вели таа, „дека има ненадеен почеток на внатрешно крварење. Била тестирана и од коронавирусот, но резултатот бил негативен“.

Слаѓана, моментално не можела да јаде нормална, цврста храна, па затоа е принудена да јаде само кашеста храна. Тоа е исто така првиот оброк што го јадела во последните неколку дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот