Пејачката на АББА Агнета Фелцког најави соло-кариера, на 73-годишна возраст

Шведската група „АББА“ на Изборот на песна за Евровизија / 9 февруари 1974 / Фото: LINDEBORG / AFP / Profimedia

Агнета Фелцког (73), пејачка на шведската поп-група АББА, ја најави својата нова, овојпат соло-песна, под наслов „Where Do We Go From Here?“ (Каде одиме ние одовде?)“.

Легендата на АББА, Агнета Фелцког неодамна потпиша за истата издавачка куќа како и Кајли Миног, а на пат е нова музика!

Фото: Wikimedia Commons

Фелцког планира да издаде албум подоцна оваа година, една деценија откако нејзиниот претходен соло албум „A“ беше објавен во 2013 година.

„Светската премиера на песната е на Би-би-си рaдио 2. Вклучете се в четврток на 31 август во 8:30 часот“, напиша Фелцког на Инстаграм.

Фото: Wikimedia Commons

АББА е основана 1972 година, а последниве години членовите, по подолга пауза, повторно се обединија и одржаа неколку концерти. Групата се здоби со светска популарност во 1974 година, кога победи на „Евровизија“ со песната „Waterloo“.

Фото: Профимедиа

ВИДЕО | Педесет години од победата: „АББА“ открија дали ќе настапат на Евровизија следната година

По 40 години повторно заедно: Членовите на групата „АББА“ се појавија пред фановите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот