Педесет повредени откако авион се расипал среде лет

Латам ерлајнс / Фото EPA-EFE/Federico Anfitti

Најмалку 50 лица се повредени по „инцидент“ на летот на ЛАТАМ Ерлајнс од Сиднеј за Окленд. За време на летот се појавил технички проблем поради кој леталото нагло се расипало, јавуваат локалните медиуми.

Службите за итни случаи соопштија дека околу 50 лица биле прегледани и укажани на местото на настанот, при што едно лице е во тешка состојба, а останатите во умерена или полесна состојба.

Околу 13 лица се пренесени во болница на лекување, се додава. Авионот „Боинг 787-9 Дримлајнер“ слета на аеродромот во Окленд според планираното во понеделникот попладне по локално време.

Летот обично застанува во Окленд на пат кон Сантијаго, главниот град на Чиле. ЛАТАМ Ерлајнс има редовни линии меѓу Сиднеј, Окленд и главните центри во Јужна Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот