Пецас: Грците за празниците веројатно нема да можат да патуваат од еден во друг регион

Грците, веројатно за време на божиќните и новогодишните празници, нема да можат да патуваат од еден во друг регион, со оглед на тоа дека портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, во интервјуто за телевизијата „Скај” рече дека во овој момент „се чини дека е многу тешко да се дозволи патување меѓу регионите”, јави дописничката на МИА од Атина.

Пецас објасни дека на почетокот на следната седмица Владата ќе го претстави комплетниот план за тоа во која насока ќе се движи земјата по 14 декември, односно по завршувањето на карантинот.

-Ги продолживме мерките до 14 декември, па така имаме време за да ја видиме ситуацијата и одговорно да ги информираме граѓаните што треба да очекуваат, рече Пецас.

Истакна дека за следните чекори, се земаат предвид повеќе индикатори како што се бројот на новите случаи, притисокот врз здравствениот систем, соодносот на позитивни случаи и направени тестови, како и раширеноста на вирусот меѓу населението.

Во однос на вакцината, рече дека откако ќе добие одобрување од европските организации, се очекува на крајот на месецов или почетокот на јануари да пристигне во Грција, а процените се дека до јуни ќе биде вакцинирано населението во целост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот