Пецаков реагира: Двапати дадов негативно мислење за одобрението за градба на хотелот во Лагадин

Кирил Пецаков градоначалник на Охрид/ фото: Драган Митрески - Слободен печат

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, на својот приватен фејсбук-профил реагира на тврдењата на Министерството за култура дека Општина Охрид спроведува активности што би го одобриле градењето на оспоруваниот хотел во населбата Лагадин.

Пецаков вели дека шест години Oпштина Охрид и градоначниците претходни даваат негативно мислење за предметот и шест години второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќа на повторно одлучување во Општина Охрид.

„За оваа околу една година мандат два пати сум дал негативно мислење како градоначалник за претходно даденото одобрение за градба“, вели Пецаков во врска со вчерашното излагање на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Општина Охрид треба да ја преиспита изградбата на објектот во Лагадин, а до конечната одлука таму да нема активности.

„Овој пат второстепената комисија, веројатно за прв пат во историја одлучува мериторно за овај предмет и го уважува одобрението за градба од 2015-16 година кое било издадено во тој момент, а покрај мериторната одлука во рок од 2 недели му дава и правосилност на истото, а на нас како општина само ни стигна известувањето без да имаме можност да реагираме, затоа што основот по кој беше поништувано решението за градба сите овие години наназад го падна Министерството заедно со второстепената комисија и на тоа решение е потпишан Благој Бочварски“, пишува Пецаков.

Тој  најавува дека во текот на утрешниот ден ќе презентира и писмени докази односно документација во прилог на неговите тврдења.

Националната комисија за УНЕСКО на Општина Охрид и препорача повторно да ги разгледа активностите поврзани за изградба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг-мисии на советодавните тела на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Министерката за култура која раководи и со Националната комисија на УНЕСКО исто така и препорача да ја поништи Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022 година и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, имајќи предвид дека во Законот управувањето со светското природно и културно наследство е од јавен интерес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот