Пазарните инспектори поминале 400 пекарници за еден ден, сите ја почитувале замрзнатата цена

Владата во вторникот донесе одлука да ја замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари за тежина од 450 грама, па Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од вчера до денеска направил контроли во над 400 фирми поврзано со производство и дистрибуција на леб.

„Досега од контролите е утврдено дека генерално се доставува леб кој е опфатен со Одлуката, а се почитува и замрзнатата цена од 33 денари, односно цената утврдена во согласност со грамажата за помалку од 450 грама. Цената на лебот во зависност од грамажата и во зависност од различни градови каде се продава изнесува од 25 до 33 денари. Државниот инспекторат и понатаму ќе продолжи да врши контроли кои се однесуваат на почитување на замрзнатата цена на лебот донесена со Одлуката на Владата. Исто така, потребно е сите да ги почитуваме Одлуките на Владата, бидејќи примарна цел е сузбивање на профитерството во време на криза, и залагање за солидарност, односно да се има разбирање и да им се излезе во пресрет на граѓаните“ – велат од ДПИ.

Инспекторите и вечерва се на терен во пекарите. Оттаму додаваат дека ќе ги ангажираат сите расположливи ресурси за да постапуваат, а покрај редовните контроли порачуваат дека излегуваат на терен и по пријави од граѓани.

„Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет“ – порачуваат од ДПИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот