Паушали за пописот: За попишувач – 4.000 денари, за инструктор – 5.000, за попишано лице – 20 денари, за стан – 30, за домаќинство – 50

Фото: МИА

Пријавувањето на јавниот Конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори за претстојниот попис на населението, на домаќинствата и на становите до овој момент се одвива добро и веќе се пријавени околу 4.000 кандидати заинтересирани за попишувачи и реонски инструктори, соопшти денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Пријавувањето, како што информираат од ДЗС, е многу едноставно, преку електронската апликација поставена на веб страницата: https://popis2021.stat.gov.mk/ каде што може да се најдат сите информации за повикот. Пријавувањето трае од 23 до 28 февруари.

На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Република Северна Македонија кои се невработени со завршено најмалку средно образование и имаат основни компјутерски вештини.

Дополнително, ДЗС во Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за утврдување на надоместокот за извршените работи на учесниците во Пописот 2021 година ги утврдува и надоместоците за реонските попишувачи и реонските инструктори.

Надоместот за попишувачите за правилно внесени податоци во електронскиот прашалник ќе изнесува за 4.000 за попишувач, за секое попишано лице по 30 денари, за секој попишан стан по 20 денари, за секое попишано домаќинство по 50 денари. Паушалот за лице одредено за резерва е 5.000 денари, а секој ден ангажирање по повик на резервниот попишувач е 700 денари.

Надоместот на реонскиот инструктор, како што се наведува, се утврдува да изнесува – паушален износ за реонски инструктор 5.000 денари, за секоe попишано лице од попишувачот по три денари, за секое попишано домаќинство од попишувачот по пет денари, за секој попишан стан од попишувачот по два денара.

–  Ги поттикнуваме сите заинтересирани лица за учество во пописните активности да се пријават на Конкурсот за реонски попишувачи и реонски инструктори, а крајниот износ на надоместот ќе зависи најмногу од нив – од нивната професионалност, посветеност и квалитетот на извршеното попишување, се вели во соопштението.

Пописот на населението, на домаќинствата и на становите во земјава ќе се спроведе од 1 до 21 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот