Патувате за Србија преку Косово? Носете ги ОВИЕ ДОКУМЕНТИ за да не ве вратат назад

фото: Принтскрин

Причината за ваквата реакција на српските полициски службеници е тоа што тие не го признавале печатот на косовската полиција во пасошите на нашите државјани.

Викендов повеќе од 50-тина возила на македонски државјани биле вратени од страна на српската полиција на граничниот премин Мердаре помеѓу Косово и Србија.

Причината за ваквата реакција на полициските службеници била тоа што тие не го признавале печатот на косовската полиција во пасошите на нашите државјани, па на патниците кои сакале да го минат преминот им велеле дека не може да влезат со патна исправа. Влез им бил дозволен само со лична карта, но поради тоа што повеќето за децата немале никаков друг докумет, освен пасош, морале да се вратат и да влезат во Србија преку Табановце.

– По новиот автопат преку Косово стигнавме многу брзо до граничниот премин Мердаре каде имаше 1,5 километри колона. По четири часа чекање, од косовска страна те пуштаат во ред, ама српскиот граничар вика мора да ве вратиме зошто ова не е граничен премин туку контролен пункт. Службеникот рече може да ве пуштиме вас со лични карти, ама децата немаат лични карти. Во пасош не може да ви удриме печат на контролен пункт. Значи за косовска полиција е граница за српска не е, а тоа е под еден кров „Оне стоп“ – вели една наша револтирана читателка.

Таа додава дека по четири часа чекање, на крај морале да се вратат и преку Табановце да го продолжат своето патување.

„Слободен печат“ разговараше со уште неколкумина кои често патуваат до ски-центарот Копаоник, токму преку Косово, при што тие објаснија дека доколку патувате со малолетни деца задолжително мора да се носи Извод од матична книга на родените на која има и фотографија, за без никаков проблем да може да влезете во Србија.

Ваквата процедура важи во последниве 7-8 години, и оние кои од Косово излегувале со пасош, а во Србија влегувале со лични карти и изводи, немале никакви проблеми, дури и во последниот период можело и со пасош да се мине косовско-српскиот контролен пукт или граница. Но, непризнавањето на косовскиот печат во пасошите од страна на српската полиција било вратено откако Косово воведе зголемени царини за српските производи, при што на нашите државјани повторно им биле потребни лична карта и извод за да може да влезат во Република Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот