Патот кон Теферич затворен за сообраќај, ќе се санираат оштетени делови

Фото: МИА

Поради изведување градежни работи на патот кон населеното место Теферич од денеска од 9 часот ќе биде целосно затворен за сообраќај.

На улицата во должина од 200 метри ќе се санираат оштетените делови. Поради ова, во период од еден месец сообраќајот ќе се одвива по ул. „Христо Татарчев”.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за трпение и разбирање додека траат градежните работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот