Патник од Ангола шверцувал над 11.000 дијаманти во Франкфурт

Цариниците на аеродромот во Франкфурт во рачниот багаж на 53-годишен патник пронашле повеќе од 11.270 дијаманти скриени во двоен под, објави „Велт“.

Вредноста на дијамантите засега е непозната и треба да ја утврди вештак.

Мажот, кој допатувал од Ангола во Франкфурт, бил уапсен и ставен во истражен притвор.

Според наводите, тој не ги пријавил суровите дијаманти при влезот во земјата, како што е пропишано, а не можел да приложи ниту потребен сертификат.

Британската полиција пронајде 2.000 тарантули во автомобил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот