Фото: КК Партизан

Партизан продолжи да реди порази во Евролигата и остана последен на табелата

Партизан продолжува со лошите резултати во Евролигата и никако да излезе од резултатската криза. „Црно-белите“ го запишаа и петтиот пораз во низа, откако на гостувањето кај Монако беа поразени со убедливи 101-84, резултат што ги остави заковани на последното, 20. место на табелата.

Францускиот тим ја имаше контролата врз натпреварот од самиот почеток и во ниту еден момент не дозволи Партизан сериозно да се доближи. Клучната предност Монако ја направи на стартот од вториот период, кога се „одлепи“ на двоцифрена разлика, која сигурно ја одржуваше до самиот крај. Диало со 14 и Миротиќ со 13 поени беа најрасположени кај победниците, додека кај Партизан се истакна Стерлинг Браун со 19 поени.

Во дербито од 20. коло на Евролигата, Фенербахче го совлада Олимпијакос со 88-80 и успешно го одбрани домашниот паркет во Истанбул. Турскиот гигант до победата стигна благодарение на одличната игра во завршницата, кога ја скрши отпорноста на грчкиот состав.

Најефикасен на натпреварот беше Саша Везенков со 24 поени и шест скока, а значаен придонес дадоа и Хол со 16 поени и 11 скока, како и Дорси и Фурние со по 15 поени. Кај Фенербахче, најмногу се истакнаа Хортон-Такер со 17 поени и шест скока, Болдвин кој забележа 17 поени, 11 асистенции и шест скока, Бостон со 14 поени, како и Мели со 11 поени и седум скока.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот