Парламентот на Унгарија гласаше земјата да остане во Меѓународниот кривичен суд
Унгарскиот Парламент денес го одобри законот со кој се запира повлекувањето на земјата од Меѓународниот кривичен суд (МКС), поништувајќи ја претходната одлука на претходната влада за напуштање на Трибуналот, пренесува Анадолу.
Препорачано
Пратениците гласаа за отповикување на процесот на повлекување започнат во 2025 година, кога на власт во Унгарија беше Виктор Орбан.
Предлог-законот е поддржан од 133 членови на партијата Тиса, додека 37 пратеници од сојузот Фидес-КДНП гласаа против него.
Одлуката ќе стапи на сила на денот по официјалното објавување.
Легислативата е предложена од Владата предводена од премиерот Петер Маѓар, кој рече дека континуираното учество во МКС е неопходно „за одржување на меѓународниот мир и безбедност и заштита на човековите права“ и за обезбедување одговорност за сериозни меѓународни злосторства.
Унгарија нема да се повлече од Меѓународниот кривичен суд, објави Маѓар
Претходната влада соопшти дека Унгарија ќе излезе од МКС во април 2025 година, по посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Будимпешта.
Во тоа време, судот издаде налог за приведување на Нетанјаху поради воени злосторства и злосторства против човештвото.
Се очекуваше процесот на повлекување на Унгарија да заврши во јуни, но новата Влада презеде мерки за да го спречи излегувањето пред да стапи на сила.


