Парични казни за угостители кои среде епидемија послужувале гости во нивните објекти

Гостивар/Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување  според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, со кои на судот му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.

-Двајца од обвинетите во одделни кривично правни настани, на 2 април послужувале гости седнати на маси во внатрешноста на нивните угостителски објекти. Со тоа, обвинетите со умисла не постапиле според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19- наведуваат во соопштението од ОЈО Гостивар.

Останатите обвинети, во одвоени кривично-правни настани  не постапиле според прописите и наредбите, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот