„Парада на гордоста“ ќе има во Будимпешта и покрај законските забрани, децидни невладините организации
Пет организации за човекови права, вклучувајќи ја и „Амнести интернешнл“, го оспорија пред суд законот усвоен од Унгарија во март, со кој се забрануваат парадите на гордоста и фестивалите во земјата, објавија денес активистите.
Препорачано
Законот што ги забранува ЛГБТКИ+ маршевите на гордоста ѝ дозволува на полицијата да користи камери за препознавање лица за да ги снима учесниците.
Исто така, во април, Унгарија одобри уставни измени со кои се предвидува земјата да признава само два пола – машки и женски.
Активистите велат дека мерките всушност претставуваат забрана за паради на гордоста.
Во вторник, 17 земји-членки на ЕУ ја обвинија Унгарија за кршење на основните вредности на ЕУ со донесување закони насочени кон членовите на ЛГБТК+ заедницата, додека тензиите ескалираат меѓу Будимпешта и мнозинството земји-членки.
Пет организации за човекови права – вклучувајќи ги Амнести Интернешнл, истакнатата организација за права на ЛГБТК+ заедницата „Хатер Тарсасаг“ и организацијата што ги организира маршевите на гордоста – вчера, во четвртокот, се обратија до судот откако полицијата забрани помал марш планиран за 1 јуни.
Тие тврдат дека кога полицијата го забранила маршот, тие се повикале на ново законодавство, според кое не треба да се одржуваат собири што се сметаат за штетни за децата и дека заштитата на децата треба да биде поважна од правото на собирање.
„Полицијата не достави докази зошто маршот на 1 јуни или парадата на гордоста, која се смета за слична, претставуваат кршење на правата на децата“, се вели во соопштението.
Организациите во соопштението наведуваат дека настанот „Парадата на гордоста“ закажан за 28 јуни ќе се одржи како и обично во Будимпешта, без оглед на одлуката на судот, која се очекува следната недела.
„Организаторите се подготвуваат за најголемиот марш на гордоста досега во Унгарија“, се вели во соопштението.
Владиниот портпарол Золтан Ковач не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.


