Папата повика на смирување на тензиите меѓу Русија и Украина

epa08477198 A handout photo made available by the Vatican Media shows Pope Francis during his weekly general audience in the Library of the Apostolic Palace, Vatican City, 10 June 2020. EPA-EFE/VATICAN MEDIA / HO HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Украинските власти посочуваат дека кршењето на прекинот на огнот станало зачестено во изминатите неколку недели, а оваа година беа убиени речиси 30 војници.

Папата Франциск изрази загриженост за неодамнешното трупање руски војници во близина на границата со Украина и повика на напори за смирување на тензиите во седумгодишниот конфликт во источна Украина, каде украинската армија се бори против бунтовниците поддржани од Русија.

Украинските власти посочуваат дека кршењето на прекинот на огнот станало зачестено во изминатите неколку недели, а оваа година беа убиени речиси 30 војници. Украина ја обвинува Русија за зголемување на тензиите со распоредувањето на 41.000 војници во близина на границата со источна Украина, како и 42.000 на Крим, каде Русија има голема поморска база. Официјална Москва тврди дека спроведува воени вежби.

– Со голема загриженост го следам зајакнувањето на воените активности, рече вчера папата, обраќајќи им се на јавноста и верниците на плоштадот Свети Петар.

– Се надевам со сета своја сила дека ќе биде избегната ескалација на тензиите и дека, напротив, ќе бидат направени гестови кон зајакнување на меѓусебната доверба, во корист на помирувањето и мирот, кои се толку неопходни, рече поглаварот на Римокатоличката црква .

– Сфатете ја сериозно тешката хуманитарна состојба во која се наоѓа локалното население и ве поканувам да се молите за нив, рече папата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот