Папа Лав 14 EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Папата Лав XIV за Блискиот Исток: Срамно и недостоинствено е моќта да преовладува над меѓународното право

Во своето денешно обраќање, обраќајќи се пред свештенството на католичките цркви на Истокот, папата Лав XIV се осврна на најновите случувања на Блискиот Исток.

„Срамно е и недостојно што моќта преовладува над хуманитарното и меѓународното право, жално е што се наметнува правото на најсилниот со цел да се легитимираат одредени интереси“, нагласи понтифот.

„Сето ова е неприфатливо, срамно за човештвото и за водачите на народите. Како некои луѓе можат да веруваат, по толку векови историја, дека воените операции можат да донесат мир и дека не се насочени против оние што ги спроведуваат?“, додаде папата, кој конечно подвлече:

„Како некои луѓе можат да ја игнорираат желбата на народите за мир, со лажната пропаганда за вооружување, со илузијата дека супериорноста може да ги реши проблемите, додека таа ги храни омразата и одмаздата? Светот е сè повеќе свесен за тоа колку пари завршуваат во џебовите на трговците со смртта, пари со кои би можеле да се изградат училишта и болници. Напротив, оние што веќе постојат се уништуваат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот