Папата Франциск одлучи: Римокатоличката црква повеќе нема да ги крие сторителите на сексуални злоупотреби

Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

Папата Франциск денеска внесе големи промени во начинот на кој Римокатоличката црква ќе се занимава со случаите на сексуално злоупотребување, укинувајќи го правилото на „понтификална тајна”, кое претходно ги штитеше сторителите на злоупотребувањата.

Двата документа што ги објави папата ја покриваат праксата што постои веќе извесно време во некои земји, вклучувајќи го и пријавувањето сомнеж кај цивилните власти за сексуално злоставување, каде тоа е пропишано и со закон, пренесоа британските меидуми.

Тие, исто така, забрануваат наметнување обврска за молчење на оние кои пријавуваат сексуално злоставување или тврдат дека се жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот