Папата Франциск: Од пандемијата треба да излеземе подобри

Фото: EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Папата Франциско побара од лидерите на Јужна Америка и од Пиринејскиот Полуостров да обезбедат фер дистрибуција на вакцините против Ковид-19.

Папата Франциско побара од лидерите на Јужна Америка и од Пиринејскиот Полуостров да обезбедат фер дистрибуција на вакцините против Ковид-19.

– Ги поздравувам иницијативите за создавање нови форми на солидарност на меѓународно ниво со механизми насочени кон обезбедување фер дистрибуција на вакцините. Дистрибуцијата не треба да се заснова на чисто економски критериуми, туку да се земат предвид потребите на сите, посебно на најранливите и најсиромашните, истакна папата Франциск.

Јужна Америка, вклучително и Карибите е втор најпогоден регион од пандемијата со над 873.000 смртни случаи и 27,4 милиони инфицирани луѓе, а вакцинирани се помалку од 10 проценти од населението.

Папата Франциск обрајќајќи се до лидерите Јужна Америка, Андора, Шпанија и Португалија истакна дека „масовната имунизација мора да се сфати како општо добро”.

На состанокот во Солдеу, Андора, на кој не присуствуваа претседателите на Мексико и на Бразил, папата Франциско повтори дека „од пандемијата мора да излеземе подобри”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот