Папата Франциск го поддржа одрекувањето од интелектуална сопственост над вакцините

Папата Франциск го поддржа одрекувањето од интелектуална сопственост над вакцините против коронавирус, со што го поддржа и предлогот на американскиот претседател Џо Бајден, на кој се спротивставуваат некои европски земји, вклучувајќи ја и Германија.

Во говорот на концертот за прибирање средства за промовирање на еднаков пристап до вакцините Папата истакна дека светот е заразен со „вирусот на индивидуализам”.

„Варијанта на овој вирус е затворен национализам што спречува, на пример, интернационализам на вакцини”, рече тој во претходно снимената видео порака.

„Втората опција е кога ќе ги ставиме правата на пазарот, интелектуалниот пазар или интелектуалната сопственост пред законите на љубовта и здравјето на човештвото”, додаде папата Франциск, потсетувајќи на големиот број смртни случаи од коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот