Папата Франциск им ги миеше и бакнуваше нозете на млади затвореници: Сите ние грешиме

Папата им ги изми нозете на затворениците на миса во Рим/Фото: Vatican Media Press Office Hando / Zuma Press / Profimedia

Папата Франциск им ги изми нозете на 12 млади мажи и жени, затвореници во малолетничкиот затвор во Рим, за време на мисата во четвртокот.

Папата одржа мисата на која присуствуваа над 80 затвореници, семејства, персонал и чувари во капелата на малолетничкиот притвор Казал дел Мармо во предградието на Рим.

„Миењето на нозете било навика во тоа време“, рече тој. „Но, кој мие нозе? Робовите“.

Тој објасни дека Исус го направил овој гест за да им помогне на своите ученици подобро да разберат што ќе се случи следниот ден по неговото распнување.

Поуката што треба да ја земеме од ова е да си помагаме еден на друг, рече Папата. „Исус, денес, со оваа прослава, сака да не научи за благородност на срцето“.

Папата Франциск, кој минатата недела три дена беше во болница на лекување од бронхитис, во затворот пристигна со бел фиат. Внатре во капелата го донесоа во инвалидска количка и за време на мисата главно седеше.

На крајот од својата проповед, тој рече дека ќе го повтори Исусовиот гест за миење на нозете како потсетник на лекцијата да си помагаме еден на друг.  „Животот е поубав така“, рече тој.

„За време на миењето на нозете помислете: Исус ми ги изми нозете, Исус ме спаси мене“, им кажа поглаварот на римокатоличката црква на младите затвореници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот