Папагалот Ерик го спасил својот сопственик од пожар

Youtube
Youtube

Еден човек од Австралија тврди дека успеал да го преживее пожарот што избувнал во неговиот дом затоа што го разбудил неговиот папагал.

Антон Нуен спиел во својата двокатна куќа во Бризбејн кога се запалилa. Тој тврди дека го разбудил неговиот папагал Ерик, кога помирисал чад во куќата.

По тоа, Антон го зел папагалот, ја отворил вратата и погледнал кон задниот дел од куќата, кога и видел дека целиот дел е зафатен со пламен веднаш го напуштил домот заедно со неговото милениче.

Кога пристигнале пожарникарите, пожарот веќе ја зафатил целата куќа.

Пожарот е изгаснат за еден час, а во акцијата учествувале четири противпожарни единици.

Антон Нујен живее сам. Тој тврди дека брзо ја напуштил куќата само со папагалот и една мала торба во раце и дека не е повреден.

Папагалот наводно го повикал својот сопственик по име пред да се вклучат детекторите за чад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот