Паоло Коелјо открива: Како да ја пронајдеме сродната душа и да ја привлечеме

Паоло Коелјо ја открива тајната на вистинската љубов: Насоки и совети како да ја привлечете вистинската љубов.

Потрагата по љубовта на вашиот живот е долг и тежок пат, полн со искушенија и препреки! Со оваа порака Паоло Коелјо дава насоки за потрагата по сродна душа и открива како да ја привлечеме љубовта во својот живот…Ние сме вечни затоа што сме божјо дело. Затоа и поминуваме низ многу живот и многу смрт, се појавуваме од непознато место и заминуваме на друго, исто така непознато место.

И кога луѓето размислуваат за реинкарнација, секогаш се соочуваат со тешки прашања: ако во почетокот имало толку малку луѓе на земјината топка, од каде доаѓаат сите тие нови души? Одговорот е едноставен. Во одредени инкарнации се делиме. Исто како кристалите и ѕвездите и нашите души се делат.

Душата се претвора во две, па новите две се делат на уште две и така по неколку размножувања се распространуваме по големиот дел на Земјата…На машка и женска половина. Ние сме дел на она што алхемичарите го нарекуваат “Душа на светот”. Навистина, кога “Душата на светот” би продолжила да се дели, би растела, но би била се послаба.

Така што, кога се делиме, така и се соединуваме. Тоа делење се вика ЉУБОВ бидејќи кога една душа ќе се подели, секогаш се дели на машка и женска половина. Во секој живот имаме таинствена обврска да најдеме барем еден од другата половина.

Најголемата љубов, која ги раздвоила, обезбедува љубов која поново ги соединува. Како можат да знаат која е нивната друга половина? Изложувањето на ризик, ризик од неуспех, неверство и разочарување, но никогаш не отстапувајте. Кој ризикува, тој победува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот