Пановски предлага онлајн настава во последните две недели од полугодието

Д-р Никола Пановски
д-р Никола Пановски / Утрински брифинг

Микробиологот проф.-д-р Никола Пановски предлага учениците во последните две недели од првото полугодие да посетуваат онлајн настава, за да се спречи евентуално влошување на епидемиолошката состојба и ширење на новиот сој омикрон.

„Јас би презел мерки, еве сега на две недели од католички Божиќ, православен, распуст на децата и да се редуцира и јавниот превоз, затоа што нема да одат учениците во школо, ќе бидат онлајн две недели. Нема тоа да биде распуст, во некои земји две недели ги пуштаат. За овој период кога се тие прослави, да се ублажи сегашниот сој или тој што ќе дојде“, вели Пановски во изјава за Лидер.

Лекарите апелираат да се засили имунизацијата против Ковид 19 како штит против новиот сој. Специјалистот Злате Мехмедовиќ смета дека третата бустер доза ја зајакнува отпорноста кон сојот омикрон, но вели оти уште е рано да се размислува и за четврта доза од вакцината.

На сличен став е и епидемиологот Драган Даниловски, кој има пооптимистички прогнози оти од пролет короната ќе циркулира само како обичен сезонски вирус.

„Штитот ќе ни биде дотолку поцврст, колку што повеќе граѓани примат трета доза. Тука мислам на постарите и хронично болните. Помладите од 50 години, ако немаат хронични болести, нема потреба да се ревакцинираат“, смета Даниловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот