5 C
Скопје

Пановски: Ако новогодишните празници се минат без зарази, тогаш колективниот имунитет ќе се стекне и порано

Имунитетот на децата кои сега следат настава од дома е „заспан“, догодина, кога ќе тргнат во градинка и на училиште ќе имаат проблем, нагласи микробиологот Никола Пановски во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

– Најголем проблем догодина ќе се случи со децата што ќе тргнат во градинка и на училиште. Вирусите ќе мора да се наплатат. Имунитетот на тие деца сега е заспан, а догодина ќе имаме други болести, нагласи Пановски.

Како причина за стагнација на дневната бројка на новозаболени, тој ја наведе свесноста кај луѓето дека вирусот постои.

– Сега не сум слушнал за големи журки, нешто што се случуваше претходно. Најмногу зарази се од јавен или приватен превоз и работни организации. Маските не штитат 100 отсто, ако неколку луѓе се во автомобил и имаат маски, а еден е позитивен, неминовно е некој да се зарази од оние кои се негативни, вели Пановски.

Прочитајте и...  Д-р Босилков: Потребна е хиперлокализација на политиката која би создала повторна блискост помеѓу луѓето

Според него, влијание има и колективниот имунитет и во тој контекст изрази надеж дека за две недели ќе почне да паѓа бројот на активни случаи, како и бројот на хоспитализации.

– Ако новогодишните празници се минат без зарази, тогаш колективниот имунитет ќе се стекне и порано. Мислам дека лидерите на сите партии треба да дадат соопштение да се биде дома за Нова Година, да не се собираат во заторен простор, ако е така ќе се спасат животи, истакна Пановски.

Не се многу, рече Пановски, 33.000 дози од вакцината против ковид, меѓутоа ќе помогнат каде е најпотребно до февруари до кога, нагласи, ќе мора да издржат и здравствените работници.

– Најверојатно вакцинирањето од грип е непотребно годинава. Спречено е ширењето на заразата. Нема одење по слави, по спортски натпревари, на концерти. Сите се крстиме во тој клеточен имунитет, но не сите 60.000 имаат имунитет. Речиси пола од нив не биле болни. Не значи дека ако некој бил позитивен дека не треба да се вакцинира. За антителата не е сигурно. По мене, сите што се ризични групи треба да се вакцинираат, а оние кои имаат антитела, нема потреба да брзаат. Се надевам дека до јуни сите ќе имаме стекнат природен имунитет, а во септември мислам дека 80 отсто ќе живееме нормално, вели Никола Пановски.

Прочитајте и...  Столтенберг: НАТО очекува зајакнување на американско-европските врски по инаугурацијата на Џо Бајден

Поврзани вести

Земјотрес од 4 степени ја стресе Албанија, а почувствуван беше и во Македонија

Заев: Измените во законите за пасошите и личните карти важат за сите

Слободен печат

Кога луѓето се третираат како бројки, пописот станува пресметка

Курц „ифрит“ лут ги критикуваше градоначалниците: Се вакцинирале преку ред

И.И.

ВИДЕО+ФОТО I Љубов и „срце на терен“: Еве што рекоа Трамп и Меланија во својот проштален говор

И.И.

Заев-Клуге: Динамизирањето на постапката за добивање вакцини за сите земји е израз на пријателство и солидарност

Слободен печат

Остави Коментар