Панов: Некој тенденциозно ме пријавил од лични причини

Некој тенденциозно ме пријавил од лични причини, се работи за модерна нумизматика. Ова го кажа поранешниот градоначалник на Кавадарци, Александар Панов по информациите дека кај него биле пронајдени над илјада археолошки монети.

– Се работи за модерна нумизматика и пријавата најверојатно е злонамерна  и со тенденција да ми се наштети. Нема стари монети во мојата збирка. Ги собирам од дете, сигурно 40 години. Полицајци од  Велес и Кавадарци извршија увид кај мене и родителите утринава. Неколку папки од новите монети се одземени и се во полициска станица Кавадарци на вештачење. Коректни беа полицајците. Пријавата е, најверојатно, лична работа, а не политичка, изјави Панов за МИА.

Тој откри дека заедно со полицајците бил во кавадаречката полиција каде што се задржал околу два часа и дал исказ, но не бил приведен и уапсен како што се шпекулира во јавноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот