Пандев: Живеам за овој натпревар, сакаме да подариме радост на македонскиот народ

Горан Пандев утревечер ќе ги предводи репрезентативците во дуелот против Косово во полуфиналето од баражот во Лигата на нации.

Пандев во последен момент пристигна во Скопје, со помош на ФФМ и на државните институции успеа да излезе од карантинот во кој беше неговиот тим Џенова, бидејќи има дури 22 фудбалери и членови на стручниот штаб кои се позитивни на коронавирусот, но тестовите на Пандев беа негативни.
Пандев веќе го заборави тоа и сите мисли ги насочува кон натпрвеарот со Косово.

Сакам најпрво да им се заблагодарам на сите кои помогнаа за моето доаѓање во Скопје. Најзаслужни се селекторот, генералниот секретар на ФФМ, па и директорот во Џенова. Знаеме колку беше тешко. Желбата на сите во репрезентацијата и македонската амбасада во Италија на крајот исто така пресуди и нивната борба да дојдам да играм. Има и луѓе кои воопшто не ни прашаа каква е ситуацијата. Како е Горан? Дали има потреба да се помогне, да пуштеа барем една порака. Но добро, зафатени се со градење терени, па го оставаме сега тоа. Знаеме што носи овој натпревар. Искусни сме и подготвени сме за тоа што не чека. Клупските и репрезентативните натпревари се сосема различни. Сите знаеме што значи да се носи репрезентативниот дрес. За мене ова е последна шанса да играм на големо натпреварување. Огромна е желбата да победиме и да подариме радост на нашиот народ, посебно низ овој лош период во светот. Јас, едноставно живеам за овој натпревар. Знам дека сите ние ќе го оставиме срцето на терен, па нека победи подобриот – изјави Пандев на орес конференцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот