Пандев избран за делегат на Собранието на ФФМ

Делегатите едногласно го избраа Горан Пандев/Фото: facebook/ФК Академија Пандев

На вчерашното одржано годишно собрание на ОФС Струмица, по предлог на ФК Академија Пандев, сопственикот на клубот Горан Пандев беше избран за делегат на Собранието на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од страна на ОФС Струмица.

Поранешниот македонски репрезентативец беше вклучен преку видео линк и им се заблагодари на делегатите на ОФС Струмица.

Делагатите едногласно го избраа Пандев да биде еден од тројцата делегати на Собранието на ФФМ.

Нашиот напаѓач од оваа зима започна да ги брани боите на италијанскиот фудбалски второлигаш Парма.

Потсетување дека Редовното годишно Собрание на ФФМ ќе се одржи на 12 март 2022 година во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот