Почина Љупчо Јаневски, македонскиот ракомет остана без свој долгогодишен делегат
Македонскиот ракомет остана без свој долгогодишен делегат, почина Љупчо Јаневски, објави Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Во текот на својата кариера беше дел од ракометните терени најпрво како судија. Беше дел од ракометните терени и како делегат-контролор, оставајќи белег на својата посветеност и професионален однос. Ракометната федерација на Македонија изразува сочувство до семејството и блиските.

