Панцери прозборе: Објавени клучни детали за скандалот кој ја тресе ЕУ
Италијанскиот весник „Ла Република“ објави што наводно им рекол на Белгијците Антонио Панцери, италијанскиот поранешен европратеник, кој е обвинет дека е дел од случајот со корупција ов Европскиот парламент, во кој беше уапсена потпретседателката на ЕП, Ева Каили. Според медиумот, се чини дека Панцери се обидува да направи договор со Брисел за да падне на „најмеката“ страна, кажувајќи ги имињата на членовите инволвирани во случајот. Панцери меѓу другото, на обвинителите им рекол дека „за возврат ќе добијат 50.000 евра“.
Препорачано
Панцери, исто така, како што пишува „Ла Република“, е подготвен да соработува и да дава информации за другите европратеници „пред се за Франческо Козолино од Демократската партија“. Италијанскиот поранешен европратеник наводно го „втурнал во оган“ другиот социјалистички европратеник Марк Тарабела, за кој рече дека „го посетил Катар“, но и Марија Арена за која рекол „Знам дека еднаш замина во Катар и доби подароци“.
Панцери, исто така, ја потврдил улогата на амбасадорот на Мароко во Полска, Абдерахим Атмун, како посредник меѓу тајните служби на земјата и Италијанците вклучени во „Катаргејт“.
Според италијанските медиуми, ова е „одбранбен“ план на Панцери да ги убеди обвинителите дека не земал пари додека бил европратеник. Тој самиот изјавил дека „парите во мојата куќа не биле наменети за некој друг“.
Улогата на тајните служби
Италијанскиот весник во својот извештај се осврнува и на документ од две страници вклучен во списите на случајот кој ја опишува улогата на тајните служби во откривањето на Катаргејт. Во документот, според изданието, се зборува за тајни агенти кои влегле во куќата на Панцери и извршиле претрес, отворајќи сѐ, од плакарите до малиот сеф.
Овие агенти, според медиумот , откако ги фотографирале доказите, заминале, ставајќи ги сите предмети на свое место, поставувајќи „бубачки“ насекаде.
Во овие документи стои датумот на 26 април, податок кој, како што пишува „Ла Република“ , објаснува дека истрагите на белгиските власти дошле до пресврт пролетта и тогаш била информирана канцеларијата на сојузниот обвинител на Белгија.
Италијанскиот весник потсетува дека во случајот на Ева Каили, клучна точка биле парите пронајдени во куферот на нејзиниот татко кога полицијата го запрела на 9 декември пред хотел во Брисел, при што грчката европратеничка наводно признала дека таа е таа што му дала инструкции да ги скрие.


