ПАМЕТ ЗА СИТЕ: Вака Матија несакајќи предизвика апокалипса во северна Италија

Матија (38) се смета за првиот пациент во Италија кој е заразен со коронавирус, а потрагата по „нулта пациентот“ продолжува.

Тој оздраве на почетокот на март и беше ослободен од интензивна нега. Сепак, пред тоа, тој директно или индиректно зарази можеби стотици луѓе, иако не стори апсолутно ништо лошо.

Овој млад италијанец, кој бил физички здрав и активен, прво се пожалил дека не се чувствува добро на 14 февруари и не му бил дијагностициран корона вирус до 20 февруари, кога развил пневмонија. Тој директно ја заразил својата бремена сопруга, двајца доктори, старица која потоа починала од коронавирусот и најмалку девет други лица, што значи дека тој бил еден од т.н. супер-носители само затоа што лекарите не го тестирале навреме.

Oтишол во болница три пати

Матија отишол во болница во Кодони во северна Италија три пати со симптоми слични на грип, пред лекарите конечно да го тестираат и да му дијагностицираат инфекција со вирус. Тој ја посетил болницата на 15 февруари, а веднаш следниот ден,  лекарите му препишале лекови против грип и го испратиле дома, дозволувајќи му да зарази бројни други, бидејќи лекарите претпоставувале дека не може да биде заразен со вирусот бидејќи не бил во Кина.

Потоа бил пренесен во болница на 19 февруари, бидејќи не можел да дише, па бил хоспитализиран.

Како се заразил

Дури на 20 февруари, кога бил хоспитализиран поради тешка пневмонија, лекарите се посомневале дека тој може да биде болен од коронавирус.Сомнежот се зголемил откако, неговата сопруга  ги информирала   докторите  дека , на 25 јануари кај нив дома бил нивен пријател на вечера, кој се вратил од Кина на 21 јануари. Потоа го тестирале Матија и дознале дека е позитивен. Во меѓувреме, го лоцирале и неговиот пријател, за кој првично се сметало дека е „нулта пациент“, но тој самиот се покажало дека не е позитивен на тестот.

Можно е вирусот да му бил пренесен на Матија, а неговиот пријател во меѓувреме да оздравел и воопшто да не доживеал некои поголеми симптоми. Сепак, сè уште не е познато кој е „нулта пациент“ во Италија, а според италијанските медиуми, новата претпоставка е дека нулта пренесувачот” се заразил во Германија, а потоа дошол во регионот Ломбардија на 25 или 26 јануари.

Можеби заразил стотици луѓе

Додека не се појавиле првите симптоми, Матија нормално одел на работа во фабрика. Фабриката, една од гранките на мултинационална компанија, вработува околу 500 луѓе. Истражувачите на Министерството за здравство утврдиле дека вирусот може лесно да ја шири инфекцијата, особено во кантината. Таа беше затворена веднаш штом беше утврдено дека Матија е заразен. Во меѓувреме, многу колеги се тестирале, и биле позитивни. Понатаму, откриено е дека тој ги посетувал своите родители, а тие во меѓувреме го посетиле барот, кој честопати го посетувале пензионери. Тројца постари лица кои го посетија тој бар биле позитивни на тестот.

Покрај тоа, Матија, кој честопати трча и учествува на маратоните, заразил барем еден пријател со кого трчал. Тој трчал на два полумаратони и   играше аматерски фудбал.  Тој изигра  еден натпревар во Кремона пред да ги почувствува првите симптоми.

Тимот во кој игра подоцна објави дека сите играчи биле тестирани за вирусот на корона. Во болницата тој заразил најмалку двајца лекари и неколку пациенти, а можеби и пријатели и роднини кои го посетиле, бидејќи бил ставен во изолација дури на 20 февруари, кога бил тестиран.

Во меѓувреме, неговата сопруга, која имала поблаги симптоми, брзо се опоравила, а сега и тој се опоравува.

Сепак, италијанските власти, предводени од премиерот Џузепе Конте, изјави дека неспособноста на медицинскиот персонал во болницата Кодоњо во најголем дел е виновна за епидемијата што се шири низ северна Италија, а потоа и низ целата земја.

Брзо потоа, во Италија се воведоа многу построги мерки, така што сега луѓето се тестираат веднаш штом ќе покажат некои од симптомите. Во меѓувреме, и покрај фактот дека целата држава е ставена во карантин, бројот на заразените лица е околу 35.700, додека околу 3.000 починаа. Затоа, карантинот најверојатно ќе биде продолжен и по 3ти април.

Извор: Србијаданас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот