Памела Андерсон повторно шокира: Актерката го фатила Џек Николсон во „тројка“

Последниот ден од јануари ќе се најдат во продажба мемоарите на канадско-американска актерка, фото-модел и продуцентка Памела Андерсон. Поранешната ѕвезда на серијата „Чувари на плажата“ за својата книга вели дека е многу повеќе од секс – приказна. Мемоарите „Love Pamela“ излегуваат на ист ден со документарниот филм на Нетфликс „Pamela, a Love Story“.
View this post on Instagram
Ден пред промоцијата Андерсон откри уште еден момент од нејзиниот живот и случувања кој е раскажан во нејзините мемоари. Актерката во една прилика била сведок како актерот Џек Николсон бил во „тројка“ во „Плејбој замокот“, пишува „Њујорк Пост“.
View this post on Instagram
„Сите се кикотеа и се бакнуваа наслонети на ѕидот, триејќи се еден од друг. Поминав покрај огледалото, се наведнав над мијалникот да го поправам сјајот за усни. Се обидов да не гледам, но не можев да се воздржам и го фатив неговиот поглед во одразот. Претпоставувам дека тоа му помогна „да ја заврши работата“ затоа што испушти смешен звук, се насмевна и рече: ‘Ти благодарам драга’“.
View this post on Instagram
Андерсон се прослави со улогата во американската серија „Чувари на плажата“ во која го играше ликот на Си Џеј Паркер. Актерката според некои важи за секс симбол на деведесеттите. Има американско и канадско државјанство.
ФОТО | Памела Андерсон ќе ја раскаже својата приказна за „Нетфликс“: Не сум жртва, туку борец
„Преземам контрола“: Памела Андерсон проговори за секс-снимката со Томи Ли