Палчо тврдел дека на денот на грабнувањето на Вања бил настинат, следниот ден му поправал котел на пелети на пријател, рече сведок
Еден ден по грабнувањето на малолетната Вања Ѓорчевска, првообвинетиот за убиствата на девојчето и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо бил кај негов пријател да му го поправи котелот за пелети и се однесувал нормално.
Препорачано
Ова произлегува од сведочењето на Ерол Османи кој се знаел со Палевски од 2000 година кога му помагал во издавањето на дневниот весник Глобал.
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
По затворањето на весникот продолжиле да комуницираат, Османи имал земено котел за пелети од кај него и Палевски често го сервисирал.
-Средина на ноември лани, на 27.11 го барав на Фејсбук, месинџер, бидејќи не ми одговараше на телефон. Дојде на 28 и го среди котелот. Ми кажа дека бил преладен претходниот ден. Кога дојде, добар беше. Ништо не рече за 27 ноември – рече Османи.
Комуницирале на 27 и Палевски тврдел дека бил настинат „како да ме згазил камион, но одлежав неколку часа и подобро ми е“.
Кираца Трајковска била „мозокот“ – таа интуитивно ги поврзала исчезнувањата на Вања и Панче
Сведокот го испитуваше и Палевски и го прашуваше дали е сигурен за времето кога дошол кај него, но сведокот кажа дека тоа било времето.


